Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово стои до Украина и нејзиниот народ.
„Косово стои до Украина и нејзиниот народ, бидејќи се соочува со последиците од неиспровоцирана војна. Како резултат на агресијата на Русија“, напиша таа на Твитер.
Според неа, руската „хегемонија“ нема да успее, додека Косово ќе работи со сојузниците на запирање на каква било дестабилизација во регионот. Ќе надвладеат слободата и демократијата.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека она што се случува во Украина е „најголемата воена агресија од крајот на Втората светска војна“.
Тој посочи дека Косово е ориентирано кон Европската унија и НАТО, наведувајќи дека како и САД и Обединетото Кралство им дава поддршка на народот на Украина.
„Ние стоиме во солидарност со народот на Украина и сме посветени заедно со ЕУ и НАТО, САД и Обединетото Кралство, државниот суверенитет, територијалниот интегритет, независноста на земјата и правото на самоопределување на народот на Украина. “, рече Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.