Откако група мажи организирале групен секс во мал храм во комплексот Акропол во Атина, а потоа се снимале за време на чинот, грчките власти одлучија да постават камери за надзор на Партенон, пишува „Тајмс“.

Тоа беше развратен, ужасно развратен чин. Тоа е најсрамниот напад на светоста на местото – вели за весникот Јоанис Маврикопулос, шеф на обезбедувањето на Акропол.

Грчката министерка за култура, Лина Мендони, вели дека на терен ќе биде поставен безбедносен систем составен од 150 камери и контролна соба.

Одлуката за поставување безбедносен систем е донесена во екот на туристичката сезона, додека десетици илјади луѓе секојдневно го посетуваат Акропол, чувани од 100 обезбедувачи.

Претставници на Министерството за култура одбиваат да дадат детали за безбедносниот систем, но велат дека тој е финансиран од фондацијата формирана од Аристотел Оназис, покојниот поморски тајкун.

Тоа е важен чекор во вистинската насока. Мора прво да инвестираме во заштитата на нашето културно наследство. Вистинската заштита на наследството е знак на цивилизација – додава Маврикопулос за „Тајмс“, повикувајќи ги властите „да преземат слична заштита низ целата земја“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.