Ново невреме вечерва ја погоди Србија. Големите врнежи од град и бурниот ветер веќе предизвикаа големи штети во општините низ Србија. За време на синоќешното невреме во Нови Сад загина дете, во Ковачица од удар на гром загина жена, а од струен удар загина маж во Бачка Паланка. За време на невремето беа спасени 10 луѓе. Вонредна состојба е на сила во Нови Сад, Сремска Митровица, Шид, Рума, Ириг и Сечње, јави дописникот на МИА од Белград.

Краткотрајниот град и силниот бурен ветер што попладнето го зафати Краљево предизвика големи штети на имотот на граѓаните. Искршени се плочки, стакла, клима уреди, оштетена е лимарија и стаклото на многу возила.

За 15 минути црни облаци се надвија над Ниш, прво паѓаше дожд и ветер, а потоа и град со големина на лешник. Противградобијната заштита беше ефикасна во Крушевац, во Угљарево кај Трстеник падна град со големина на јајце, а невреме го погоди и Чачак со голем град кој предизвика големи штети, како и во Златиборскиот округ, Копаоник, Рашката и Расинската област.

Од РЗМЗ соопштуваат дека силната конвективна облачност која предизвика интензивни врнежи со грмежи, појава на силен град и силни вертови во реонот на врнежите, има тенденција да се премести од областа на Рашка и Расина кон Топличкиот и Нишкиот регион и градот Лесковац, како и преку Белград, Шумадија и Банат на исток



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.