Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска изјави дека до 2025 година ќе биде готова брзата пруга Белград-Будимпешта и дека ќе бидат потребни три часа за да се патува до главниот град на Унгарија.

Тој истакна дека во моментов се работи на брзата пруга Белград-Ниш.

„Кога ќе заврши таа делница, ќе бидат потребни 100 минути да се патува од Белград до Ниш“, изјави Весиќ за белградски медиуми, пренесе Бета.

Министерот посочи и дека е потпишан меморандум со Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш – Скопје.

Кога ќе биде готово, ќе бидат потребни и три часа да се патува од Скопје до Белград. Тоа драматично ќе ги промени животите на граѓаните, рече Весиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.