За влез во Словенија повеќе не се потребни ковид потврди, а оние кои биле во близок контакт со заразено лице не мора да бидат ставени во карантин.

Ова се промените во режимот на епидемиолошки рестриктивни мерки кои од денеска стапуваат на сила во Словенија, пренесе агенцијата СТА.

Владата во Љубљана објави дека веќе нема потреба од карантин при престој во земјата, поради што нема потреба патниците да имаат ковид сертификат.

Иако карантинот веќе не е задолжителен за оние кои имале близок контакт со заразените, советот за овие лица е да се тестираат во следните седум дена.

Како резултат на овие измени, според министерот за здравство на Словенија Јанез Поклукар, остануваат на сила сите други ограничувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.