Вечерва повторно беше објавено дека имало бомба во авионот на „Ер Србија“ додека бил над Словачка, но пилотот продолжил да лета „бидејќи се знае дека дојавата е лажна“.

„Авионот на „Ер Србија“ продолжува да лета, иако бомбата беше фрлена – летовите за Москва ги одржуваме од принцип. И тоа го прават странските служби од територијата на двете земји. Едната е земја на Европската Унија, а другата Украина“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според него, „Ер Србија“ веќе нема профит поради враќањето на летовите во претходниот период, кога беше пријавена бомба на неколку летови, главно на релација Белград-Москва.

„Сè што заработивме мали, ужасно малку пари, веќе немаме. Ова го држиме буквално вон принцип“, нагласи Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.