За инцидентот на протестот на опозицијата, кога беше нападнат лидерот на фракцијата на Демократската партија, Сали Бериша, реагираше и премиерот Еди Рама, кој го осуди насилството и побара итна истрага. 

-Премиерот на Албанија, Еди Рама, недвосмислено го осудува неоправданиот и нетолерантен чин на насилство врз организаторот и водачот на денешниот протест! Насилството не било, не е и никогаш нема да биде средство за решавање на кое било прашање или загриженост и секој што го користи ова средство мора да се соочи со целосната сила на законот, се вели во реакцијата пренесена од прес-службата на премиерот. 

Претходно Бериша, на средба со новинарите, во седиштето на партијата, по протестот, рече дека лицето што го нападнало е агент на криминалистичката полиција и оти „се е испланирано од Рама“. 

 Рама пак на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, по самитот ЕУ-Западен Балкан, што денеска се одржа во Тирана, избегна коментар за нападот врз Бериша, велејќи дека неговата реакција може да се прочита на веб сајтот на владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.