Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Тирана изјави дека забележал ново, попозитивно расположение меѓу членките на Европската унија за можноста земјите од Западен Балкан да се приклучат на блокот во споредба со пред неколку години, пред руската инвазија врз Украина.

– Сосема сум сигурен дека се појави ново инклузивно движење и оти скептицизмот што го создадоа пред неколку години неколку земји-членки сега мутираше во подготвеност ова активно да се турка напред, рече Шолц по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.