На социјалните мрежи кружи фотографија која датира од 1979 година. Исечокот е од еден весник во Холандија а не него е еден познат лик од Балканот.Станува збор за Жељко Ражнатовиќ Аркан кој во тоа време развивал „кариера“ на криминалец познат по грабежи во банки и златарници.

Холандската полиција го фаќа на еден од мостовите во Амстрдам и тој е испратен во затвор.
Но и оттаму бега и упатува во Белгија каде конечно е упасен и бил на издржување на казната неколку години пред да се врати во поранешна Југославија каде станува соработник на државната безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.