Во полициска акција во околината на Крушевац уапсен е 36-годишниот Живојин Н. под сомнение дека силувал две девојчиња. Грозморниот чин го извршил во периодот од 2012 – 2014 година и 2022 и 2023 година, дознава „Блиц“.

Според првичните информации тој ги силувал две малолетни девојчиња кои му биле роднини. Како што се дознава, тој го фотографирал своето развратно однесување со девојчињата, а подоцна ги избришал фотографиите од својот телефон.

По наредба на Вишото јавно обвинителство, вештаците од судска медицина ги извадија избришаните фотографии кои се доказ. Тој на рочиштето го призна делото, вели извор од истрагата.

Живојин Н. се товари за злоупотреба на деца. Полицијата го привела и му е одредена мерка притвор до 48 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.