Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри источно од Столац на длабочина од 10 километри. Регистриран е во 06 часот и 27 минути.
Потресот бил почувствуван во поширокото подрачје, вклучувајќи го и Сараево, пренесува „Кликс.ба“.
Во петокот, на 22 април, земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, а епицентарот, исто така, беше во близина на Столац. Во тој земјотрес загина едно лице, а беше предизвикана и материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.