Белградскиот сплав „Фристајлер“, кој потона за време на новогодишната ноќ, го однесе животот на младо момче од тимот за расчистување на објектот. Како што пренесуваат српските медиуми, трагедијата се случила вчера, кога тој влегол во објектот за да расчистува, но фрижидер паднал врз него и веднаш го потонал.
Луѓето кои биле во близина на потонатиот сплав во моментот на несреќата тврдат дека сè се случило брзо.
Фрижидерот падна врз него, не можеа да го спасат. Полицијата се појави пред два часа и само рекоа дека некој се удавил, тоа е се што знаеме, велат очевидци за „Блиц“.
Несреќата се случила вчера околу 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.