Косовската полиција соопшти дека во акција, спроведена по 10-месечна истрага, синоќа во подрум на куќа во населбата Сончев брег, Приштина, открила и уништила лабораторија за обработка на кокаин и на хероин, при што уапсила две лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во акцијата на Единицата за антидрога и на Управата за борба против трговијата со наркотици на Полицијата на Косово, откриени се и одредена количина дрога хероин и кокаин, работен алат за преработка на наркотични материи, како и околу 7 килограми дрога во цврста состојба.

Постојат сомнежи дека осомничените подолго време ја користеле оваа лабораторија за преработка на наркотичните супстанции хероин и кокаин, при што по преработка на истите материи ги пакувале во мали дози за продажба во различни региони на земјата. Косовската полиција со своите единици за борба против дрогата останува посветена на спречувањето и на сузбивањето на употреба, одгледување или продажба на наркотични супстанции, а строги законски мерки ќе бидат преземени против сите инволвирани во такви кривични дела кои на еден или на друг начин ги загрозуваат здравјето и безбедноста на нашите граѓани“, соопшти косовкската полиција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.