Унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ изјави дека Унгарија привремено го суспендира увозот на украинско жито и други прехранбени производи од Украина.

– Владата е посветена на застапување на интересите на унгарската земјоделска заедница, поради што, во отсуство на значајни мерки на ЕУ, привремено го забранува увозот на житарки и маслодајни семиња со потекло од Украина, изјави Наѓ.

Вчера и Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор.

– Ние сме и остануваме непроменети пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржиме и ја поддржуваме … Но, должност на секоја држава, на секоја власт, добра власт е во секој случај е да ги заштити интересите на своите граѓани, изјави лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.