Поради руската блокада на нејзините црноморски пристаништа, Украина почна да извезува жито преку хрватските пристаништа, изјави украинската вице-премиерка Јулија Свириденко во четвртокот (07.09.2023), додавајќи: „Иако станува збор само за споредна трговска рута, таа е доста заживеана и благодарни сме за оваа пружена можност“.

„Подготвени сме да го развиеме овој транспортен коридор со проширување на можностите“, рече таа. „Веруваме дека оваа логистичка рута ќе игра важна улога во билатералната трговија меѓу нашите земји и по војната“, истакна Свириденко.

Откако Русија се откажа од договорот,  дел од житото се праќа и со железница, но според украински брокери, железничките испораки до европските пристаништа се многу поскапи од директниот извоз преку украинските пристаништа.

Украинскиот трговски синдикат УГА оваа недела соопшти дека комбинираната жетва на жито и маслодајни семиња во тековнава 2023 година може да достигне 80,5 милиони метрички тони, а тоа значи дека во сезоната 2023/24 јули-јуни би можеле да бидат извезени околу 49 милиони тони.

Украинското министерството за земјоделство овој месец соопшти дека заклучно со 1 септември извозот изнесува вкупно 4,5 милиони тони.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.