Војната во Украина го крена целиот свет на нозе, геополитичката ситуација се менува од час во час, а конфликтот меѓу Русите и Украинците доби поголема димензија и предизвика поделеност на луѓето ширум планетата на оваа и онаа страна – оние за и оние против.
Чести се острите полемики на социјалните мрежи, фотографии или снимки на кои луѓето го изразуваат и бранат своето мислење за ситуацијата во Украина, но понекогаш се тоа преминува и во физичко насилство.
Таков случај беше забележан во Атина, каде што, според видео објавено на Твитер, Украинци или оние кои јавно ги поддржуваат го помешале српското со руското знаме. Таквата грешка, еден од нив го чинеше нокаут среде улица.
Србинот кој бил знаменосец на свадба, како што налага српскиот обичај, на својот автомобил го истакнал знамето на Србија, но собраните на митинг за Украина помислиле дека тоа е знамето на Русија, па тој чин наводно го сфатиле како отворена провокација.
Еден од нив се приближи до возилото од кое се вееше српското знаме и го нападна возачот. На таквиот напад изреагира возачот, кој излезе од автомобилот и со два удари го спружи напаѓачот на асфалтот.
Случката не премина во многу поголем инцидент поради реакција на грчките полицајци, кои дотрчаа во обид да ја смират ситуацијата, додека напаѓачот на српското знаме со „подвиткана опашка“ се врати меѓу своите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.