Со изменети здравствени протоколи, без задолжителниот неделен селф тест, но и понатаму со задолжителна заштитна маска, учениците во Грција денеска се вратија во училишните клупи, по пролетниот распуст за велигденските празници, јави дописничката на МИА од Атина.
Изменетиот протокол за училиштата и за факултетите е во рамките на планот на грчката Влада за олабавување на Ковид рестрикциите.
Учениците и вакцинираните просветни работници повеќе нема да биде потребно да се тестираат со селф тестови (тестови за домашна употреба), а за невакцнинираните професори и наставници, задолжително ќе треба да се тестираат со еден рапид тест седмично, што е на нивен трошок.
А истите мерки важат и за студентите и универзитетските професори.
Непроменети се правилата за задолжителна маска и на отворено и во затворените простории, за употреба на антисептик и за редовно проветрување на училниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.