Во рамки на спортско-хуманитарниот турнир „Гимназијада“ во Белград за време на фудбалски натревар вчера во обид да раздвои ученици, наставник го извлекол подебелиот крај и се здобил со тешки телесни повреди нанесени од еден од учениците. Директорката на Третата белградска гимназија Олга Чокаш за српски „Данас“ го потврдила инцидентот и информирала дека настанот се прекинува.

Третата белградска гимназија донесе одлука да ја откаже овогодинешната „Гимназјада“ бидејќи секаков облик на насилство е апсолутно неприфатлив. Сите натпревари што требаше да се одржат во среда (15 мај) и четврток (16 мај) се откажани, соопштила директорката.

Таа додава дека инцидентот бил пријавен во полиција која дополнително ќе ги испита фактите поврзани со овој случај.

Нашиот колега навистина се здоби со горенаведените повреди и во моментов е на преглед. Наставата денеска се одвива редовно, рече Чохаш за „Данас“.

За утре веќе беше најавен протест на просветните работници поради претепувањето на наставник во Бачка Паланка. Станува збор за татко на олимписки натпреварувач од Србија, кој имал само уште неколку месеци до пензија, но бил нападнат претепан и шутиран од ученик во училница.

Ученикот само е испишан од училиштето и засега нема најава какви последици ќе сноси, што предизвика револт кај наставниците ширум земјата.

Претепаниот наставник најави дека поради шокот кој го претрпел, не планира веќе да се враќа на работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.