Полицијата го уапсила Србинот М.М., осомничен дека е член на организирана криминална група поврзана со убиството на Оливер Ивановиќ, соопшти Специјалното обвинителство во Приштина.

Апсењето се случи синоќа, по наредба на Специјалното обвинителство.

„Специјалното обвинителство соопштува дека обвинетиот М.М., осомничен како член на организирана криминална група, активно учествувал во извршување на кривично дело учество или организирање на организирана криминална група, поврзано со кривично дело тешко убиство на сега починатиот Оливер Ивановиќ“, соопшти Обвинителството, а пренесе РТС.

Осомничениот М.М. е на списокот со останатите обвинети Н.С., М.Р., Р.Б. и С.А., на кои им се суди во Основниот суд во Приштина.

Од почетокот на 2019 година, М.М е недостапен за органите на прогонот, иако во сила беше налог за апсење.

Во соопштението не се наведува каде е уапсен М.М.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.