Полицијата во Обреновац го уапси таткото на малолетниот ученик кој утрово во ОУ „Јефимија“ во Обреновац, Белград извади пластичен пиштол и со него мавташе низ училницата.

Претходно, откако школскиот полицаец го пријавил случајот, полициски службеници го одвеле детето во станица.

Инцидентот се случи утринава кога по едноминутно молчење, со кое започна наставата, наставникот ги оставил децата во училницата неколку минути за да се утврди дали сите деца влегле во нивните училници, односно дали се во ходниците на училиштето за да започне наставата. За тоа време овој ученик извадил пластичен пиштол кој му го покажал на друг. Тој другар му го зел пластичниот пиштол најверојатно со намера да го фрли во канта, но трето момче му го зело и почнало да мавта со него низ училницата, пренесуваат српските медиуми.

Децата кои биле во училницата биле преплашени, известен е класниот раководител како и Центарот за социјална работа, а едно од овие момчиња со својот родител било предадено на припадници на МВР кои веднаш реагирале по повикот. .

Во Србија е прогласена тридневна жалост, а наставата во сите училишта утрово почна со едноминутно молчење, со цел да им се оддаде почит на учениците и на вработените во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.