Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе и  подари „значителен“ број беспилотни летала камикази на Албанија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, без да прецизира за каков тип на дронови станува збор.

-На заедничката прес-конференција со Ердоган, кој е во еднодневна посета на Тирана, Рама рече дека тоа е подарок што доаѓа како силна порака од Турција дека Албанија не може да биде нападната, објави Ора њуз.

Премиерот Рама му се заблагодарил на Ердоган и додал дека набавката на беспилотни летала камикази не значи дека неговата земја некого ќе нападне, туку порака дека не може да биде нападната.

– Овој подарок на Турција никого не треба да загрижува. Од друга страна, ние сме многу заинтересирани и исполнети денеска по потврдувањето на една нова етапа, за зајакнување на воената индустрија на Република Албанија и за зајакнување на овој однос, каде што во светот е познато дека Турција достигна многу високо ниво на капацитети за производство на воената индустрија и каде имаме идентификувано инвестиции во оваа област, нагласил тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.