Србин се удави на море во туристичкото место Обзор во Бугарија, пренесува бугарскиот сајт „Факти“. Телото на 54-годишниот маж било извлечено од водата во понеделникот. Според првичните информации, на телото немало траги на насилство, а било пренесено во во Одделот за судска медицина во Бургас за обдукција.

Обзор е приморско одморалиште јужно од Варна на Црното Море, кое го посетуваат туристи од регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.