Турција се соочува со рекордно ниво на инфлација уште од 2002 година. Според објавените официјални податоци, инфлацијата во земјата достигна 36,08 отсто.
Оваа инфлација, којашто е повеќе од седум пати поголема од првичната цел на владата, се објаснува со падот на вредноста на турската лира за речиси 45% во однос на доларот минатата година.
За граѓаните во земјата, падот на вредноста на валутата се одразува со скокот на цените, што е тешко да се поднесе бидејќи земјата е многу зависна од увоз, особено од суровини и енергија.
Продавачите на новогодишните пазари кои обично изобилуваат со најразлични продукти, годинава се загрижени поради порастот на цените намалениот промет, кој е намален за 40% во однос пред пандемијата.
Прометот е паднат за најмалку 40 проценти, посебно во одос пред епидемијата. Како сопственик на претпријатие, чувствувам дека, на пример, минатата година, можевме парите за закуп на нашите штандови да си ги вратиме во првите пет дена од саемот, а сега продажбата не може да ги покрие нашите трошоци иако саемот наскоро завршува – вели еден од нив.
Многумина од купувачите внимателно ги планираат трошоците и велат дека нема да трошат многу пари.
Да, не сакам да трошам многу пари оваа година. Со оглед на моменталната економска ситуација, би потрошил најмногу 200 лири. Освен тоа, ако купам нешто, тоа би било само за моите деца – вели еден купувач.
Инфлацијата, која во ноември достигна 21,31 отсто на годишно ниво, стана многу бурно политичко прашање во Турција и тоа на 18 месеци од следните претседателски избори, кои се закажани за 2023 година.
Опозицијата го обвинува Националното биро за статистика дека ги фингира извештаите за инфлацијата, а во средината на декември претседателот Реџеп Таип Ердоган воведе вонредни мерки. Но, и покрај масивните продажби на резервите во долари изминатата недела лирата повторно паѓаше во однос на доларот.
Стапката на инфлација во ноември достигна дури 21,31 отсто, што е рекордно високо ниво во последните три години. Во споредба со почетокот на годината, курсот на турската лира во однос на американскиот долар еднаш падна за речиси 60 отсто. Иако лирата закрепна откако турската влада објави серија мерки за олеснување, стапката на девалвација сè уште е на речиси 40 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.