Турскиот извоз на Балканот за девет месеци од годинава е зголемен за 24,9 отсто во однос на истиот период лани и достигнал речиси 15,7 милијарди долари.

Според податоците кои агенцијата Анадолија ги добила од Собранието на турски извозници (ТИМ), во првите девет месеци од годинава во балканските земји е остварен извоз во вредност од 15 милијарди и 698 милиони долари, а се однесува на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Романија, Србија, Словенија и Грција.

Во истиот период лани, извозот изнесувал 12 милијарди и 571 милион долари.

Најголем извоз во споменатиот период меѓу балканските земји е остварен во Романија (4,7 милијарди долари), потоа Бугарија (3,4 милијарди долари), Грција (2,1 милијарди долари), Србија (1,3 милијарди долари) и Словенија (1,2 милиони долари).

Извозот на Турција во Албанија изнесува 742,8 милиони долари, потоа Босна и Херцеговина (548,1 милиони долари), Македонија (488,5 милиони долари), Косово (483,1 милиони долари), Хрватска (439,1 милиони долари) и Црна Гора (118,6 милиони долари).

Извозот на Балканот е зголемен во 10 земји во периодот јануари-септември годинава во однос на истиот период во 2021 година. Во една земја е намален.

Во овој период најголем раст на извозот е остварен во Црна Гора со 60,2 отсто. По Црна Гора, земја со најголем пораст на извозот меѓу балканските земји е Албанија со 43,4 отсто. Извозот во Бугарија е зголемен за 34,9 отсто, Романија (34,1 отсто), Македонија (29,4 отсто), Хрватска (28,2 отсто), Србија (24,0 отсто), Косово (21,5 отсто), Босна и Херцеговина (21,3 отсто) и Грција (7,8 отсто). Извозот во Словенија е намален за 3,1 отсто.

Кога станува збор за извозот во балканските земји по градови, најголем бил од Истанбул и изнесувал 7,5 милијарди долари. Со оваа сума, Истанбул учествувал со 47,9 отсто од извозот од 15,7 милијарди долари во балканските земји.

Секторот хемиски материјали и производи остварил најголем извоз на Балканот. Во овој период, секторот хемиски материјали и производи извезол 2,8 милијарди долари во земјите од Балканот.

По овој сектор следат челикот, автомобилската индустрија, црните и обоените метали, електричната енергија и електрониката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.