Метеоролозите издадоа црвено предупредување за делови од Хрватска поради силно невреме со ветер и над 130 километри на час.

Времето е многу опасно и подразбира високо ниво на опасност по здравјето,а постои и значителен ризик од оштетување на крајбрежната инфраструктура, велат од хрватската управа за хидрометеоролошки работи.

Бидете свесни за опасностите и внимавајте и следете ги најновите временски извештаи. Ја советуваме јавноста да избегнува патување и престој во близина на загрозени крајбрежни области. Голема е веројатноста фериботите да не пловат, па доколку патувате следете ги сообраќајните информации, предупредуваат од хрватската управа за хидрометеоролошки работи.

Во прекин се и дел од траектните и катамаранските линии поради неповолните временски услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.