Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, министерот за правда Марко Ковач и министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ го посетија станот од кој беше пробиен тунелот до Вишиот суд во Подгорица.

„Вијести“  соопшти дека случајот против кавачкиот криминален клан е еден од претресените во депото на Вишиот суд во Подгорица, откако мафијата нашла начин да влезе во просториите на таа институција.

Тунелот се копал најмногу месец и половина. Сопствениците кон крајот на јули го издале станот во подрумот на зградата, спроти страната на зградата на судот. Акцијата најверојатно била спроведена во август, додека поголемиот дел од вработените во државната администрација, вклучително и во Вишиот суд, биле на годишен одмор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.