Имејл адресите на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност, министерствата и некои медиуми утринава добиле закана дека канистри со наводно отровен нервен гас со детонаторни направи ќе бидат поставени во Подгорица, Бар, Будва. и Котор.
Полицијата ги проверува пријавите, јавува РТЦГ. Како таргетирани локации се одредени судовите во Подгорица и Котор, Управата за приходи и Царината.
Во неколку црногорски училишта утринава пристигнаа извештаи за поставени бомби. Заканите, според неофицијални информации, повторно дошле преку електронска пошта. Во мејлот, меѓу другото, се наведува дека „има бомба во училиштето“, дека „сите се безначајни“ и се заканува смрт. Министерството за образование соопшти дека наставата денеска ќе се одржува онлајн, а се откажуваат и екстерните испити за матурантите.
Пријавите пристигнале околу пет часот утринава на адресите на подгоричките основни училишта „Павле Ровински“, „Бранко Божовиќ“, „Милорад Муса Бурзан“, „Штампар Макарије“, „Владо Милиќ“. Закани добија и училишта во другите градови.
Поради нови мејлови со заканувачка содржина кои пристигнаа на адресите на основните и средните училишта низ територијата на Црна Гора, Министерството за образование ја информира јавноста дека наставата денеска ќе се одржува онлајн. Исто така, се укинува и закажаното екстерно тестирање на знаењето за учениците на крајот од деветто одделение од основното училиште по изборни предмети, се вели во соопштението на министерството.
Во соработка со Испитниот центар, основните училишта ќе бидат навремено информирани за новиот термин за тестирање.
Неофицијално, заканите пристигнуваат на училишните мејлови поединечно, а не кружно. Вчера неколку црногорски училишта, како и Собранието, Вишиот суд и општините добија закани за бомби. Наставата не се одржувала, а зградите биле веднаш евакуирани.
Управата на полицијата на Црна Гора вчера извршила увид на објекти за кои биле добиени пријави за поставени експлозивни направи. Извршен е увид на 165 локации и, како што посочуваат, било утврдено дека пријавите се лажни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.