На социјалните мрежи се појави фотографија од погребот на бугарскиот Цар Борис трети кому во Македонија му отвараат клубови.На погребот во 1943 година се гледаат нацистички знамиња со што се докажува дека Бугарија во тоа време била во коалиција со фашистите и дека не се работи за никакви адимистратори како што сакаат да се прикажат.

Кој беше Цар Борис Трети

Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, станува „Цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна.

По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија. Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Хитлер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.