Тројца морнари загинаа денеска, а четвртиот е тешко повреден во Мали Лошињ кога се случи несреќа со траектот „Ластово“, соопшти хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура. Претходно полицијата и компанијата Јадролинија соопштија дека загинале двајца морнари, а еден е повреден.

„Додека се работеше на траектот на Јадролинија Ластово во Мали Лошињ, денеска во попладневните часови се случи несреќа во која загинаа тројца членови на екипажот на Јадролинија, додека четвртиот е тешко повреден“, соопштија од тамошното Министерство, јавува ХРТ.

Тешката несреќа се случила околу 15.30 часот, кога паднала пристапната рампа на траектот „Ластово“ и ги приклештила морнарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.