Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане-Приштина, јавуваат медиумите во Приштина.

Порталот Репортерс наведува дека автомобилот паднал во Грачаничкото езеро

Портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, изјави дека медицинските екипи на местото на несреќата констатирале смрт на три лица.

Синоќа околу 23:00 часот добивме информација дека на патот Гњилане-Приштина се случила сообраќајна незгода со смртни последици. Во оваа несреќа учествувало возило во движење“, рече Ахмети.

Полицијата покрена увид за расветлување на околностите на оваа сообраќајна несреќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.