Страшното невреме во Хрватска однесе уште една човечка жртва. Во Черничка Шаговина, недалеку од Нова Градишка, загина 40-годишен маж кога врз неговото комбе паднало дрво откорнато од невреме.

Информацијата за смртта ја потврдија и од полициската управа Брод-Посавина. За жал, за овој човек немало спас.

И овој регион беше тешко погоден и во материјална смисла, ветерот корнеше дрвја, кршеше гранки, подигна покриви…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.