Два вагона-цистерни со фосфорна киселина денеска се излизгаа во Зајечар, но нема истекување ниту опасност по луѓето и околината, соопштија од компанијата „Србија Карго“.
Лизгањето на осмата и деветтата цистерна се случи во 08:40 часот на четвртата пруга, во станицата Зајечар.
Немаше истекување, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина, се наведува во соопштението.
Во товарната композиција имало 12 вагони-цистерни, кои се во сопственост на компанијата „Еликсир“ и патувале од Прахов до Шабац.
Заедничка железничка комисија за истрага на вонредни настани на Железничката инфраструктура на Србија и Србија Карго е на терен и ќе ги утврдува причините за несреќата.
Сообраќајот на патнички и товарни возови на станицата Зајечар не е во прекин, се додава во соопштението.
Ова е трето излизгување од вагони во последните неколку недели во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.