Деветнаесетгодишно момче загина по пад од височина во луна парк во Пефкохори, Халкидики. Несреќата се случила вчеравечер откако столчето на справата на која седел се скршило. Брзата помош пристигнала брзо и тој бил итно пренесен во болницата во Полигирос, но им подлегнал на тешките повреди.
Младиот човек дошол со семејството на Халкидики и сите заедно отишле во забавниот парк. Во еден момент му пукнала столицата на апаратот на кој седел. Полесно повреден е и неговиот 16-годишен брат, кој седел до него.
Според неговите изјави за грчките медиуми, справата се движела многу брзо.
Полицијата веднаш реагирала и го привела сопственикот на забавниот парк. Истрагата ќе покаже дали несреќата е резултат на човечка грешка, технички дефект или несоодветно одржување на апаратите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.