13-годишно девојче го загуби животот денеска по удар од гром додека било на плажа во Халкидики. Инцидентот се случил попладне, додека девојчето било на песокот. Првичните информации укажуваат дека нејзината мајка исто така претрпела повреди.
Полициската управа Касандра спроведува прелиминарна истрага за инцидентот, јавуваат грчките медиуми.
Денешното време на Халкидики е многу лошо, со силни поројни дождови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.