Тони Видовиќ(160), млад кошаркар на ФСВ клубот, почина во раните утрински часови, ден откако му се слошило на натпреварот кој беше одигран во четвртокот навечер.

Момчето од Ријека се срушило додека седело на клупа, за време на средбата на Жупаниската лига на јуниори меѓу ФСВ и Замет во салата на основното училиште во Сроча.

Кога се срушил, следувала реанимација, после што во кома е превезен во КБЦ Ријека.

После ден и пол борба за неговиот живот, срцето на Тони застанало.

Од младиот кошаркар на социјалните мрежи се простија од клубот и Кошаркарскиот сојуз на Градот Ријека



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.