Трагедија во Грција откако татко се удавил обидувајќи се да го спаси своето осумгодишно дете, кое ветерот го однело во морето.
Како што соопшти крајбрежната стража во 11:30 часот (според грчко време) на 21 август, 48-годишен маж бил извлечен од морето во бессознание кај плажата Лагониси на Ситонија.
Според „Прототема“, таткото се обидувал да го спаси синот кој бил на душек, а силниот ветер го однел на отворено море. Момчето било спасено со чамец, додека таткото не успеал да преживее.
Тој бил извлечен од морето во несвест и пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.
Засега не е откриено од каде е загинатиот турист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.