Еден патник почина утрово на белградскиот аеродром Никола Тесла додека чекал да си го земе багажот, пренесоа српските медиуми.

Како што беше објавено на социјалните мрежи, на несреќниот човек наеднаш му се слошило во делот за земање багаж на аеродромот и лекарите се обиделе да му помогнат, но за жал безуспешно.

Според неофицијални информации, семејството на несреќниот маж го чекало на аеродромот, тој бил патник од Чикаго.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.