Цела ноќ траеше битката со шумскиот пожар на грчкиот остров Самос, a утрово гаснењето продолжи и од воздух. Според локалните медиуми ситуацијата е значително подобрена.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 78 пожарникари со шест пешадиски тима,15 возила и два хеликоптери, а меѓу пожарникарите се и 28 од Атина, кои авионски пристигнале на островот.
Според локалните медиуми превентивно биле евакуирани две села.
Во конкретниот пожар помагаше и хеликоптерот што вчера се урна во морскиот дел југозападно од островот, а животот го загубија двајца членови на екипажот, додека пак останатите двајца беа спасени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.