Тирана и официјално влезе во најубавиот период од годината, откако традиционално, на плоштадот „Скендербег“ беше осветлена голема новогодишна елка, а поставени се и светилки во разни облици.
Градоначалникот Ерион Велиај, опкружен со многу дечиња облечени како Дедо Мраз и пеејќи празнични песни ги запали светилките на големата новогодишна елка.
Ве поканувам сите да го запалите доброто светло во себе, да правите добри дела за семејството и државата. Многу важно е сите да бидеме посолидарни, со љубов меѓусебно да си помагаме, особено овој месец на празници. Важно е овие празници да покажеме бескрајна љубов и да продолжиме со убава мисла и во новата година, порача тој.
Побара од граѓаните на Тирана да поканат што повеќе нивни роднини и пријатели, кои се во или надвор од државата, но и до странците, да ги поминат празниците во главниот град.
Битола и Крива Паланка веќе почнаа со новогодишното китење, а каква празнична атмосфера ќе има во Скопје, како и лани, никој од Градот не сака да открие, иако декември веќе е до половина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.