Полициски службеници на Федералната полициска управа вчера под надзор на Обвинителството на Босна и Херцеговина го идентификуваа лицето кое во изминатиот период преку социјалните мрежи „Тик ток“ и „Фејсбук“ објавуваше различни содржини, меѓу кои имаше повици за убиство на полицајци, јавуваат локалните медиуми.

Лицето е кривично процесуирано во просториите на Федералната полициска управа во Сараево, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело, соопштија од полицијата.

Станува збор за Осман Малагиќ, роден 1996 година, со живеалиште во Сараево, пишуваат медиумите од Босна и Херцеговина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.