Тинејџер рано изутринава неповреден е извлечен од урнатините на зграда во турскиот град Газијантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес.
Пред зори во Газијантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од понеделникот.
17-годишникот се насмевна на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.
Фала му на Бога што ме спасија, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат.
„Ви благодарам на сите“, рече тој.
Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта.
„Така успеав да преживеам“, рече тој.
Имам син како тебе, му рекол спасувачот, идентификуван само како Јасемин, откако го прегрнал.
„Ви се колнам, не спиев четири дена. Се колнам дека не спиев, се обидував да те извлечам“, додал спасувачот, пренесе Индекс.хр.
MUTLULUK GÖZYAŞLARI DÖKÜLDÜ
Depremden 94 saat sonra #Gaziantep Gölgeler Apartmanı enkazından çıkarılan 17 yaşındaki Adnan Muhammet Korkut ailesiyle kavuştu, duygu dolu anlar yaşandı. #deprem pic.twitter.com/1E06eVcReE
— Sabah (@sabah) February 10, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.