Тело на давеник било извлечено на кејот кај Земун во Белград. Според неофицијалните информации на српски „Курир“, станува збор за телото на 50-годишен маж, кое од водите на Дунав го извлекле припадници на Единицата за безбедност на реките во близина на познат ресторан во Земун.

Ова е трето тело кое за само неколку часа е извлечено од водата на територијата на Белград. Најпрво на Ада Циганлија беше пронајдено тело на 65-годишен маж.

Телото на 20-годишна жена, пак, која пред два дена скокна од мостот Панчевац е пронајдено на Ада Хуја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.