Вчеравечер во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во тетовско Милетино, мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Л.Н.(24) од Тетово, излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.