Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина беше известена преку Системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (EU RASFF) дека на нивниот пазар се испорачани макарони без глутен, со потекло од Романија, во кои е утврдено присуство на недозволени количини на микотоксинот деоксиниваленол.
Станува збор за тестенини „Pasta D’oro gluten free – 500 g fideos/gluten free macaroni“, произведени од „Sam Mills/Pasta Mare“.
Се наведува дека оваа количина на загадувачи може да има сериозен ризик по здравјето на луѓето.
Наведениот производ не е во согласност со одредбите од Правилникот за максимално дозволени количини за одредени загадувачи во храната“, наведуваат од Агенцијата.
Оттаму додаваат дека сите достапни информации за производот, во согласност со важечките прописи, се доставени за понатамошно постапување до релевантните инспекциски тела во Босна и Херцеговина, од кои е побарано да преземат мерки и да пријават назад до Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.