Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава во Хрватска, кога комбе излетало од патот и удрило во столб.

Се испоставило дека комбето излетало од патот додека бегало од полицијата.

Според медиумите, полициските службеници, кои работеле на спречување илегален влез во Република Хрватска, околу три часот по полноќ ноќта од недела кон понеделник забележале видно натоварено комбе со швајцарски регистарски таблички.

Тие со светлосни и звучни сигнали се обиделе да го спречат за контрола, но возачот ги игнорирал полициските наредби и продолжил да вози зголемувајќи ја брзината.

За кратко време излетал од патот и удрил во столб. Повредените се пренесени во Општата болница во Славонски Брод и Нова Градишка.

Според написите, во сообраќајната несреќа се повредени 10 лица.

Полициски службеници продолжуваат со работа и вршат увиди, соопштија од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.