Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возило паднало во реката Вјоса од висина од 100 метри, соопшти полицијата.

Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет, каде се случила несреќата, пренесува Албанијан пост.

Порталот наведува дека има индиции дека возилото со возач Албанец, кој превезувал седум илегални мигранти, го бркала полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.