Владимир К.(47), татко на Коста к. (13), кој уби десет ученици и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“, деновите во притвор ги минува во очајна состојба и од срам не комуницира со никого.
Според сознанијата на порталот „Република. рс“, свесен е дека животите на членовите на неговото семејство се уништени.
Коста масакрот го извршил со пиштол „ЦЗ сенка“, иако со себе понел и „ругер МК“. Тоа оружје го поседува неговиот татко, кој има дозвола за нив, но било во непрописно обезбеден метален сеф во плакарот, кој се наоѓа во холот на станот.
Затоа истиот ден кога неговиот син го извршил најстрашното злосторство е уапсен Владимир К., по професија радиолог. Подоцна му беше одреден притвор до 30 дена бидејќи не го обезбедил соодветно оружјето, а поради тоа е обвинет за тешки дела против општата безбедност и му се заканува затворска казна до 12 години.
Владимир К. паднал во тотален очај во притворското одделение и единствено што успева да зборува е поврзано со трагедијата што ја направил неговиот син.
Надлежните во Централниот затвор се свесни дека таткото на Коста е во многу тешка состојба и го држат под поголем надзор од другите притвореници. Владимир цел ден седел во ќелијата и зјапал во подот.
Сине, што направи, ни ги животите, што ќе правиме сега. Проклето стрелиште и пушки. ..“ – повторувал Коста во притворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.