Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по вчерашните масовни протести кои беа организирани во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац, денеска во 10 часот најави вонредно обраќање до јавноста. Но, тој во својот говор утринава ниту еднаш не се осврна на протестните собири, туку најчесто зборуваше за Косово, а нешто помалку за поплавите во Србија.

Веќе долги години на секој можен начин се обидувам да ги зачувам мирот, стабилноста и економскиот напредок. Нашата земја даде сè за да биде така. Дали некој сака да го слушне тоа или не, тоа се факти и податоци. Без разлика колку се трудиме да бидеме сериозен и одговорен партнер, на европскиот пат сме, но никогаш така не не гледаа. Ако не постапивме по нивното барање безусловно и без прашање, бевме виновни.

Вучиќ рече и дека „Канцеларијата за Косово и Метохија го добила документот на ЕУЛЕКС“.

Знаете што пишува? Па ништо. Ни го напишаа тоа што е напишано во четири члена од таканаречените закони на Приштина и немаат поим. Ја следеа бирократската форма. Навистина не им е гајле за Србите. “, рече Вучиќ, а потоа меѓу другото додаде:

„Ги уапсија Спасиќ и Влашковиќ за наводен напад на новинари. Погледнете што прават – Курти создава криминална ситуација во која ги малтретира сите граѓани од српска националност. Мислев дека тоа го прави сам, сега знам дека поддршка од одредени западни земји. Внесува некои идиоти кои не прават ништо немаат легитимитет со еден процент во Лепосавиќ. Тие носат еден куп нивни новинари за да го испровоцираат народот таму“.

И тогаш ни велат „не се мешај, ЕУЛЕКС следи“. Што следите вие, лажговци? Единствено што сакате да следите е како се протеруваат Србите“, рече Вучиќ.

Тој вели и дека во последните пет дена бил под голем притисок поради апсењето на косовските специјалци на територијата на Србија.

Во врска со неодамнешното апсење на Милун Миленковиќ Лунет на северот на Косово, Вучиќ наведува дека премиерот на Косово Албин Курти и министерот за внатрешни работи Џељај Свеќља велат дека тој е „криминалец“.

Татко ти е криминалец, и на тебе Курти и на тебе Свеќља. Срам да да ви е, изјави Вучиќ.

„Што се однесува до нашите одлуки, ние самите ќе ги донесеме, нема да се консултираме со никого. Ќе го почитуваме само она што му го ветив на НАТО. Немаме обврски кон никој друг. Што се однесува до дијалогот, тој е целосно бесмислен. Додека не научат да разговараат, тие самите нека разговараат“, рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.