Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани кои се осомничени за шпионажа и беа уапсени се агенти на руска разузнавачка служба.

Во тек е официјална истрага. Осомничени се за дејствување против националните интереси на Република Словенија и според последните информации се членови на руска разузнавачка служба, рече министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Словенечката радио-телевизија објави дека уапсените се жена и маж на 39-годишна возраст кои живееле во изнајмена куќа во Љубљана. Сопственикот на куќата во која живееле осомничените не сакал да зборува пред камерите на словенечката телевизија, но во телефонски разговор со нив рекол дека со двојката се сретнал лично и дека немал никакви проблеми со нив.

Неофицијално, РТВ Словенија дознава дека двајцата уапсени собирале општи информации за настаните во земјата, но и дека двајцата биле руски државјани и покрај нивните аргентински пасоши.

Доколку бидат прогласени за виновни, на осомничените им се закануваат вкупно осум години затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.