Поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, коментирајќи ги заканите кон актуелниот шеф на државата Александар Вучиќ вели дека има многу сличности со поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Тадиќ за прв пат открива дека во 2003 година, непосредно пред атентатот врз Ѓинѓиќ во американскиот Стејт Департмент добил критики за барањето на тогашниот премиер дел од српската војска да се врати на Косово.

Бев во Вашингтон на молитвениот појадок во Белата куќа и бев поканет во Стејт департментот по писмото од Ѓинѓиќ. Имав исклучително тежок разговор со претставници на Стејт департментот и добив закани кои требаше да му ги пренесам на Зоран Ѓинѓиќ, што и го направив. Ѓинѓиќ беше многу загрижен за тоа што му го кажав. Тоа се случи неколку недели пред атентатот. Не инсинуирам дали Западот е воопшто поврзан со таа трагедија, но ми остави извонреден впечаток – oткрива поранешниот шеф на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.